Вработените во „Колска“ протестираат пред Влада

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Вработените од фабриката за шински возила „Колска“ денеска протестираат пред Владата, барајќи да се одблокира сметката на компанијата поради заостанат долг од околу 650.000 евра направен за периодот од 2013 до 2017 година.

– Чекаме некој од надлежите да се одважи и да нѐ прими. Проблемите во „Колска се веќе подолго време, а решение нема. Затоа сме дојдени пред Владата да ни кажат дали „Колска ќе работи и како ќе работи. Бараме да ни кажат што понатаму – велат вработените.

Доколку се затвори фабриката, како што посочуваат, вработените ќе останат без работа, а сервисирањето на вагоните на „Македонски железници ќе се прави во други држави затоа што „Колска е единствената фабрика кај нас која ги сервисира вагоните.

– Ако дојде до затворање на фирмата, 74 вработени ќе останат без работа, а вагоните на „Македонски железници ќе мора да се сервисираат во други држави, ќе има одлив на девизи по други држави – посочија вработените во „Колска.

Тие вчера претпладне го блокираа патниот железнички сообраќај на железничката станица во Велес.

Директорот на „Колска“ Мите Јанков вчера во изјава за МИА истакна дека е потребно да се одблокира сметката за да можат да набават репроматеријали и да платат струја и други комунални трошоци.

– Во периодот од 2013 до 2017 година поранешното раководство на „Колска“ воопшто не плаќало ДДВ поради што направиле долг од околу 650.000 евра. УЈП бара од „Колска“ тој долг законски да се плати во рок од три години по 20.000 евра месечно. Ние тој долг не можеме да го платиме со овој број на 70 вработени што останаа на работа. Можеме да си го платиме само за тековниот месец, односно онаа работа што сега ја работиме, само за неа можеме да платиме ДДВ – изјави вчера Јанков.

Во моментот во работилницата на „Колска“ имаат 25 товарни вагони за репарација и еден патнички вагон, кои треба да бидат направени до Нова година. „Колска“ е единствена фабрика со ваква намена во земјава која порано беше во состав на Железници. Преостанатите 70 од некогашните 350 вработени со години бараат повторно да бидат во состав на Железници.

Фото: МИА
Share This Article