More

    Вархеји го презентира извештајот пред европратениците

    spot_img

    Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји ги презентира попладнево извештаите за земјите од Западен Балкан и Турција пред Европскиот парламент.

    За Северна Македонија Вархеји изјави дека 2022 беше важна година со отпочнувањето на преговарачкиот процес.

    – Северна Македонија го отпочна преговарачкиот процес со првата политичка меѓувладина конференција што одамна требаше да се случи, ова е пробив за земјата. Северна Македонија покажа одлучност и издржан напредок – изјави Вархеји пред европратениците.

    Еврокомесарот забележа дека е важно земјата да го задржи реформското темпо и да го искористи процесот на скрининг, за да го искористи својот потенцијал за забрзување на реформите.

    Според него, потребни се дополнителни напори во областа на јавната администрација.

    Извештајот го поздравува целосното усогласување на Северна Македонија со надворешната политика на ЕУ, посебно во однос на Украина.

    – Со ова земјата ја покажа својата одлучност да напредува на својот ЕУ пат – изјави Вархеји.

    По Европскиот парламент еврокомесарот треба да се обрати и пред новинарите по објавувањето на годишните реформски извештаи за шесте земји од Западен Балкан и Турција.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img