More

    Во објавениот извештај на ЕК се бара Србија итно да воведе санкции кон Русија

    spot_img

    Европската унија очекува Србија да даде приоритет на усогласеноста со заедничката надворешна политика на ЕУ, вклучително и санкциите против Русија, и да ги унапреди преговорите за сеопфатен и правно обврзувачки договор за нормализација „без натамошно одложување“ во дијалогот со Косово.

    Ова се клучните пораки до Белград од Брисел, каде што денеска Европската комисија ќе го презентира годишниот извештај за напредокот на земјите од Западен Балкан во спроведувањето на реформите и евроинтеграциите.

    Шефот на Делегацијата на ЕУ во Белград, Емануеле Џиуфрет вечерва ќе му го предаде извештајот на ЕК на српскиот претседател Александар Вучиќ.

    Во извештајот, до кој пристап имаа белградските медиуми, се наведува дека Србија не ги почитувала рестриктивните мерки на ЕУ против Русија по нејзината инвазија на Украина, која започна на 24 февруари.

    Се очекува Белград „во согласност со рамката за преговори меѓу ЕУ и Србија“, да покаже посветеност и „прогресивно усогласување со заедничката надворешна и безбедносна политика“, вклучително и санкции против Русија.

    Во извештајот, кој пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент ќе го претстави комесарот за соседство и проширување Оливер Вархеји, се оценува дека „не е постигнат натамошен конкретен напредок во преговорите за сеопфатен и правно обврзувачки договор за нормализацијата“ на Белград и Приштина, јави агенцијата Танјуг.

    Комисијата ги повикува „Косово и Србија конструктивно да се ангажираат и да ги унапредат преговорите“ и „без дополнително одлагање“.

    Комисијата смета дека постигнувањето таков договор е „итно и клучно за да можат Косово и Србија да напредуваат на нивните европски патишта“.

    Во однос на соседските односи и регионалната соработка, во Извештајот се наведува дека Србија останува посветена на подобрување на билатералните односи со другите земји кандидати, потенцијалните кандидати и соседните земји-членки на ЕУ и дека активно учествува во регионалната соработка.

    Комисијата наведува дека односите со Хрватска „биле затегнати, со повремени политички конфликти“, додека односите со Црна Гора ги оценува како „предизвикувачки“, што укажува дека двете страни покажале поголема волја за реструктуирање на односите и решавање на отворените прашања.

    Забележан е напредок во воспоставувањето на поефективен судски систем и „значаен чекор кон зајакнување на независноста и одговорноста на судството со усвојување на релевантните амандмани на Уставот во февруари 2022 година“, заедно со измените на уставниот закон што овозможува нивна примена .

    Во однос на реформите во јавната администрација, постигнат е ограничен напредок, со оценка на Комисијата дека Србија е „умерено подготвена“ на ова поле.

    Комисијата гледа „извесен напредок“ и во борбата против организираниот криминал, со зголемен број на нови истраги и правосилни пресуди во однос на резултатите од 2021 и 2020 година, но нема зголемување на бројот на обвиненија и првостепени пресуди.

    Препораката е „Србија да ги зајакне институциите за човекови права преку распределба на потребните финансиски и човечки ресурси“.

    Комисијата констатира дека не е забележан напредок во слободата на изразување, посочувајќи ги случаите на закани и насилство врз новинари, препорачувајќи дека атмосферата за непречено остварување на слободата на изразување сепак треба дополнително да се зајакне во пракса.

    Во извештајот се посочува дека државното регулаторно тело за електронски медиуми (РЕМ) „ги доделило сите четири национални фреквенции, за период од осум години, на истите телевизиски канали како и во претходниот период, при што сите добиле опомени од РЕМ за прекршување на нивните законски обврска“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img