More

    Грчки „Митилинеос“ ќе произведува струја и топлина и ќе ги испорачува до МЕПСО

    spot_img

    Владата денеска донесе одлука за утврдување статус на стратешки инвестиционен проект, за проектот „Митилинеос – Когенеративна постројка Скопје” на Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија „Митилинеос” ДООЕЛ – Скопје, фирма-ќерка на грчки магнат. Вредноста на инвестицијата се предвидува да биде 211 милиони евра и според предвиденото, се состои од постројка за електрична енергија со моќност 90 до 105 мегавати и топлинска енергија со моќност од 135 со 150 мегавати.

    Како што се наведува во соопштението од денешната 89-та владина седница, годишното производство на електрична енергија се очекува да изнесува околу 1.150 гигават часови и околу 275 гигават часови топлинска енергија, коишто, се очекува да бидат испорачани во соодветните енергетски системи – МЕПСО и системот за пренос на топлина на Град Скопје.

    „Одлуката е донесена по објавен Јавен повик од страна на Владата на Република Северна Македонија, на 31.01.2022 година, за поднесување барање за утврдување на статус на стратешки инвестиционен проект и по соодветно разгледување на поднесеното барање, од страна на Комисијата за стратешки инвестициони проекти. Донесената одлука е во насока на определбите на Владата за создавање услови за зголемување на домашното производство на електрична и топлинска енергија“, посочуваат од владината Прес-служба.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img