More

    Неколку експлозии одекнаа изутринава во главниот град на Украина Киев, во кои има загинати и повредени

    spot_img

    Неколку експлозии одекнаа изутринава во главниот град на Украина Киев, во кои има загинати и повредени, потврдија украинските власти.

    Градоначалникот на Киев Витали Кличко објави на социјалната мрежа Телеграм дека денеска рано наутро биле пријавени неколку експлозии во населбата Шевченко, во центарот на главниот град и дека сите надлежни служби излегле на терен.

     

    Антон Герашченко, висок украински советник на министерот за внатрешни работи, утринава преку Телеграм објави дека „Киев бил нападнат од беспилотни летала камикази“. Украинскиот пратеник Олексеј Гончаренко додаде дека една ракета паднала „точно во центарот на градот“. „Автомобилите горат, а прозорците на куќите се искршени. Има мртви луѓе“, напиша тој на Твитер утрово.

    Сведок изјавил за новинската агенција Ројтерс дека по експлозијата во зграда во центарот на градот се кренал црн чад. Други објавија слики на социјалните мрежи, наводно од градот, а некои тврдат дека „ракетниот напад бил спречен“ од украинските сили.

    На социјалните мрежи се шири видео на кое наводно се гледа дека утринава во директниот пренос на Би-би-си можел да се слушне напад на Киев.

     

    „Погоден е само центарот на Киев, веднаш до паркот Шевченко. Најблискиот удар до срцето на Киев и владиниот округ досега, и прв по многу недели. Ракетата погоди голема раскрсница за време на утринскиот сообраќаен метеж. Службите за итни случаи велат дека има мртви и повредени“, напиша на Твитер дописникот на Фајненшл тајмс.

    Киев е главно мирен од почетокот на војната, а линијата на фронтот се движи кон исток и југ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img