More

    Веста за нејзината болест веќе била протечена

    spot_img

    Соработниците на Кенсингтонската палата ја принудиле принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, да сними видео во кое открива дека се бори со рак за да не протече веста во јавноста, пишува порталот Дејли мејл.

    Добро позициониран извор тврди дека некој надвор од Палатата знаел за дијагнозата на Кејт, контактирал со Палатата и ја известил дека ја поседува информацијата. Палатата немала друг избор освен да ја принуди Кејт да објави со што се бори и да објасни зошто толку долго е надвор од очите на јавноста.

    Не е познато како протекле информациите, но сомнежите се во лондонската клиника каде што принцезата во јануари имаше операција на абдоменот.

    – Која и да е причината, позитивните реакции на видеото покажуваат дека Палатата ја донела вистинската одлука – тврди колумнистот на Дејли мејл Ефраим Хардкасл.

    Кејт на 22 март на видео откри дека се лекува од рак. Таа на видеото изјави дека била подложена на голема операција на абдоменот во Лондон во јануари и додаде дека верувала дека нејзината состојба не е канцерогена.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img