More

    Изминатото лето во Европа беше најжешкото во историјата на мерењата

    spot_img

    Изминатото лето во Европа беше најжешкото во историјата, а екстремните суши сега се 20 пати поверојатно, предупредува меѓународен истражувачки тим кој ја проучувал содржината на вода во површинскиот слој на почвата. Сега се очекува сушите кои вообичаено се случуваат еднаш на 400 години да се случуваат еднаш на секои 20 години поради глобалното затоплување, предупредува тимот.

    Слично рекордно топло време е забележано во Северна Америка и Кина, пренесува РТС.

    Истражувањето е фокусирано на влажноста на почвата. Тие ја проучувале содржината на вода во површинскиот слој на почвата, на длабочина до седум сантиметри, како и во зоната на коренот, на длабочина до еден метар, од каде што растенијата црпат најмногу влага.

    Со температури за 1,2 степени потопли отколку во прединдустриската ера, површинската почва е најмалку пет пати поголема веројатност да биде зафатена од сушните услови и дури 20 пати поголема веројатност да се појави во коренската зона.

    Тешка суша, недостиг на вода и пожари се само дел од последиците.

    За да не продолжи температурата неконтролирано да расте, а зачестеноста на екстремните суши да стане уште поголема, потребно е поамбициозно да се намали емисијата на стакленички гасови и постепено да се заменат фосилните горива со обновливи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img