Во Франција поради штрајковите на работниците „пресушија“ многу бензински пумпи, што доведе до создавање километарски колони возила.
Според граѓаните на Франција, хаосот трае цели три недели.
– Започна пред околу 20 дена. Доаѓаш до пумпата, нема бензин. И тогаш почна да се случува сѐ почесто. Помалку е страшно на автопатот, каде што сè уште може да се најде. Секогаш е скапо. Колоните на автопатот се во должина од два до три километри. Луѓето стојат на лентата за застанување и чекаат да им дојде редот – изјави граѓанин за француските медиуми.
– Чекаме еден час. Не знам што ќе правиме – рече еден возач, чиј автомобил останал без гориво.
Недостигот од гориво ги погодува бензинските пумпи ширум Франција, предизвикувајќи фрустрација и долго чекање кај возачите додека штрајкот на работниците влегува во 12-ти ден. Претседателот Емануел Макрон повика на смиреност.