More

    Човечки синџир за ослободување на Асанж во Лондон

    spot_img

    Околу илјада луѓе денеска формираа човечки синџир околу зградата на британскиот Парламент во Лондон, барајќи ослободување на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж.

    На транспарентите што ги истакнаа демонстрантите можеше да се прочита „Ослободете го Асанж, нема екстрадиција во САД”, „Новинарството не е криминал”.

    Човечкиот синџир се протегал по мостот Вестминстер, домовите на Парламентот и градините на кулата Викторија.

    Џулијан Асанж, кој од 2019 година се наоѓа во строго обезбедуваниот затвор Белмарш во близина на Лондон, ја обжали одлуката на британската Влада да го екстрадира во САД.

    Против 51-годишниот Австралиец се води кривична постапка во САД бидејќи во 2010 година на веб-страницата Викиликс објавил повеќе од 700.000 доверливи документи поврзани со активностите на американската војска, особено во Ирак и Авганистан.

    Тој се соочува со децении затвор доколку биде осуден за шпионажа според законот, кој забранува откривање доверливи информации.

    Џулијан Асанж беше уапсен од британската армија во 2019 година, откако помина седум години во зградата на амбасадата на Еквадор во Лондон, каде што беше под заштита на тоа дипломатско претставништво.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img