Попладнево во 14 часот е почуствуван земјотрес во Струмица и во околината со јачина од 2,9 степени според Рихтеровата скала.
Епицентарот бил на 17 километри југоисточно од Струмица и на длабочина од 2 километри.
Во 14:19 часот е почуствуван уште еден земјотрес со јачина од 3,1 степен според Рихтер. Епицентарот на земјотресот бил 18 километри југоисточно од градот на длабочина од 2 километри, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).