Српската пејачка Гоца Тржан важи за една од искрените пејачки која не бега да зборува на ниту една тема. Таа е во брак со Радомир Новаковиќ од 2015 година.
Гоца со сегашниот избраник нема дете, но долги години се обидува да забремени. Со оглед на тоа што таа не може да се оствари во таа улога повторно, пејачката отворено коментирала на оваа тема.
– Би се поштедила себе од тие теми бидејќи ми здодеа да зборувам за тоа – изјавила таа, па додала:
– Сепак, имам 48 години и тоа би било во доменот на чудата. Ако не се случи, имам свое дете да пораснам и да го изведам на пат. Има толку многу јавни личности кои го прават истото и не сакаат да зборуваат за тоа, па таа штафета ја препуштам на некој друг – рекла Гоца.
За кризата во бракот со четиринаесет години помладиот Радомир, таа рекла:
– Немавме критични моменти, иако моравме да водиме сериозни разговори. Сепак, немаше кризи. Не бевме на чекор до развод или целосно оддалечување. Умеевме да препознаеме кога нешто не е како што треба, дека не сме тоа што бевме и дека е време да разговараме за да се вратиме еден на друг – била искрена Гоца.
ФОТО: Инстаграм