Долго време се зборува за тоа како руската армија се уништува со раскол во највисоките чинови. Една од потврдите дека не е се во најдобар ред меѓу рускиот претседател Владимир Путин и највисоките функционери дојде утринава од Москва, каде беше уапсен еден од водачите на групата Вагнер, Алексеј Слободенјук и наредбата за негово апсење. наводно го дал министерот за одбрана Сергеј Шојгу.
Видеото од апсењето стана вирално и многумина веруваат дека тоа покажува дека Путин почнал да се справува со неистомислениците, а дека и оние кои се на самиот врв на воената хиерархија не се недопирливи.
Апсењето наводно го наредил моментално најкритикуваниот член на руската влада – министерот за одбрана Сергеј Шојгу.
Инаку, Слободенјук е вработен и во медиумската групација Патриот, која ја води мрежата на каналот Телеграм и е позната по критиките кон Шојгу, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков и други. Токму тоа на интернет се наведува како причина за апсењето.
„Пропагандистот на Пригожин го напаѓаше Шојгу на Интернет, тој беше уапсен во Москва од СОБР Росгварди. СОБР се многу лојални на Путин. Дека ова апсење не го извршила ФСБ, како што би очекувале, укажува на внатрешна борба за моќ и недоверба меѓу службениците“, се вели во видеото од апсењето.