More

    Американскиот актер и режисер Шон Пен напуштајќи ја Украина пешачел со километри до границата со Полска

    spot_img

    Американскиот актер и режисер Шон Пен (61) објави дека напуштајќи ја Украина пешачел со километри до границата со Полска. Пен престојуваше во Украина поради снимањето документарен филм за рускиот напад на Украина.

    Оскаровецот рекол дека и тој и неговата филмска екипа одлучиле да го остават својот автомобил и да тргнат пешки откако виделе илјадници Украинци како бегаат на безбедно, во редови кои се протегаат со километри.

    Во понеделникот на Твитер, Шон опиша како автомобилите биле полни со жени и деца, а нивната единствена вредност е возилото со кое патувале.

    Споделувајќи слика на која влече куфер, Шон напиша: „Јас и моите двајца колеги одевме со километри до полската граница откако го оставивме автомобилот покрај патот. Речиси сите автомобили на оваа фотографија возат само жени и деца, повеќето без багаж, а автомобилот им е единствената вредност“, објави актерот.

    Од ноември минатата година, Шон снима документарен филм за ескалацијата на тензиите во Украина.

    Пред неколку дена актерот ја нарече војната на претседателот Владимир Путин против Украина „брутална грешка“.

    „Веќе брутална грешка на одземени животи и скршени срца, а ако не попушти, верувам дека г-дин Путин ќе ја направи најстрашната грешка за целото човештво. Претседателот Зеленски и украинскиот народ се издигнаа како историски симболи на храброст и принципи “, напиша Пен во текот на викендот.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img