More

    Европската политичка заедница не е никаква замена за процесот на проширување, ниту за пристапниот процес на вашата земја

    spot_img

    Европската политичка заедница не е никаква замена за процесот на проширување, ниту за пристапниот процес на вашата земја. Вашиот пат кон ЕУ е веќе многу јасен, објаснет на многу детален начин и вие сте веќе на тој пат на којшто сите чекори се многу добро етаблирани. Европската политичка заедница и состанокот којшто ќе се одржи утре е начин на којшто ЕУ оддава признание и треба да придонесе за заедничко справување со важни актуелни предизвици, изјави денеска во Кавадарци шефот на Делегацијата на ЕУ во земјава Дејвид Гир.

    Евроамбасадорот Гир на прашање од МИА појасни дека секогаш кога ЕУ се соочува со големи и важни прашања како што е нападот на Русија врз Украина, прашањето поврзано со енергетиката, животната средина и ред други прашања коишто се од огромна важност, тогаш Унијата го проширува кругот на учесници во нејзините состаноци сѐ со цел да може подобро да ги адресира тие прашања.

    – Состанокот на Европската политичка заедница е дизајниран да носи, да собере на едно место повеќе партнери, во овој случај партнери од Западен Балкан, ЕУ и други партнери коишто не се дел од ЕУ сѐ со цел да може да дискутираат за прашања коишто се од огромна важност за да може да ги адресираме заедно сите предизвици со коишто се соочуваме. И во овој случај на овој состанок нема да земаат учество само нашите партнери од Западен Балкан, туку и од Велика Британија и од Швајцарија коишто не се дел од пристапниот процес на проширување на ЕУ, сѐ со цел да може да ги разговараат овие прашања заедно, така што – да, јас мислам дека одржувањето на состанокот на ЕПЗ е позитивен развој којшто ќе придонесе во развој и заедничко справување со предизвиците и не е замена за ЕУ – нагласи евроамбасадорот.

    Запрашан колку години сме далеку од ЕУ со оглед на долгото чекање пред вратите на Унијата и условувањата наметнати од соседна Бугарија, амбасадорот Гир вели дека патот до членство во ЕУ се заснова врз спроведување на реформите коишто вклучуваат различни сектори, почнувајќи од земјоделството, трговијата, владеењето на правото и ред други реформи и што побрзо се спроведат толку поскоро ќе биде можно членството во ЕУ.

    – Веќе е направен одреден прогрес во неколку сфери, но тој прогрес треба да продолжи. Се разбира дека процесот на скрининг ние очекуваме да заврши некаде на крајот на следната година. Меѓутоа, тој скрининг процес ќе ни даде многу јасна идеја каде уште треба да се поработи и во која сфера. И се разбира, самиот напредок треба да се оцени врз основа на тоа како се направени реформите. Меѓутоа, исто така е многу важно да се знае дека во сите пристапни процеси или процеси на проширување во минатото со Република Словенија, со Хрватска, но исто така и со Србија, со Црна Гора, со Албанија и со Република Северна Македонија прашањето на градење добри меѓусоседски односи е многу важно ако не и суштествено – потенцира Гир.

    Од аспект на земјава, додаде тој, развојот на добрите меѓусоседски односи значи спроведување на Преспанскиот договор, на Договорот за пријателски односи со Република Бугарија и изградба на тие односи во добра вера, во добра атмосфера од сите инвловирани чинители од сите страни.

    – Се разбира дека тоа е обврска за сите земји, меѓутоа веќе кажав градењето на добрососедски односи е важно за сите земји, се разбира во другите земји е во друг контекст од оваа земја. Всушност тука е големиот предизвик. Ќе повторам, реформи, реформи, реформи – затоа што самите луѓе ширум земјата веќе споделуваат сон дека конечно сакаат да ја видат земјата да оди напред – вели евроамбасадорот Гир.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img