Украина сака да биде кодомаќин на Мундијалот 2030

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Украина ќе им се приклучи на Шпанија и Португалија во заедничката кандидатура за домаќини на Светското фудбалско првенство 2030, објави британскиот весник „Тајмс”.

Доколку трите земји ја добијат организацијата, Украина би била домаќин на една од групите на завршниот турнир, а, како што наведува весникот, предлогот има поддршка од украинскиот претседател Володомир Зеленски, како и од шпанските и португалските власти.

Челните луѓе на шпанскиот и на португалскиот фудбал новото партнерство со Украина, која од февруари е под воена инвазија од Русија, треба официјално да го објават утре на конференција за новинари во седиштето на УЕФА, пишува британскиот весник.

Светското првенство 2022 стартува идниот месец во Катар, а домаќини на Мундијалот 2026 ќе бидат САД, Канада и Мексико. 

Share This Article