На инвеститорите на 7 мали хидроелектрани кои требаше да се градат на Шар Планина им се одземени концесиите

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

На инвеститорите на 7 мали хидроелектрани кои требаше да се градат на Шар Планина им се одземени концесиите. Шест од малите хидроелектрани се во строго заштитеното подрачје на Националниот парк Шар Планија, а една е во зоната на одржливо користење. Концесионерите ќе добијат соодветно обесштетување.

Владата вака одлучила денеска по разгледувањето на информацијата во врска со статусот на Договорите за концесија на малите хидроелектрични централи лоцирани во зоните на строга заштита и на активно управување на Национален парк Шар Планина, за кои се водеше постапка за спогодбено  раскинување на Договорите за концесија за користење на вода за производство на електрична енергија.

Станува збор за концесиите за малите електрани: МХЕ  Љуботенска бр.66, МХЕ Љуботенска бр.67, Беловишка бр.107, Пена бр.82, МХЕЦ Лешочка 100,  Лешочка 101, како и МХЕЦ Шеличе бр. 91, која е лоцирана во зоната на одржливо користење.

Минататa година, Министерството  за животна средина и просторно планирање  иницираше формирање на Комисија во која членуваа и претставници на Министерството за финансии и Министерството за економија, која што ја разгледа документацијата за спогодбено раскинување на Договорите за концесиите и потребата за обештетување на договорните страни.

Од Министерството денеска информираа дека комисијата доставила  Записник со детален преглед на сите реализирани трошоци од концесионерите врз оснава на што е изработен предлогот за спогодбено раскинување на Договорите.

– Со предлогот за спогодбено раскинување на Договорите за  концесија за користење на вода за производство на електрична енергија од малите хидроелектрани на Шара предвидено е да се надоместат реално направените трошоци за реализација на договорите и уплатените трошоци на име на Концесијата- велат од Министерството за животна средина.

Да не се дозволи изградба на овие хидроелектрани бараа и еколошките здруженија и граѓаните од тој регион бидејќи најголемиот дел од водоводите во селските населби се поврзани со извроиштата на реките на кои е планирана изградбата.

Share This Article