More

    Добрата вештерка, оризовиот пудинг и чичилаки

    spot_img

    Оризов пудинг со бадеми за среќа, добрата вештерка Бефана која носи подароци и чичилаки, одење по будистички храмови во Јапонија … или можеби свадба за Божиќ во Ирска. Па, секој трет пар таму „се зема“ во ова време, не? Ако ништо друго во Виена има одлични колачиња, Канада има најголем тобоган, а градот Њујорк највисока елка.

    Чудно или не, еве како светот ќе ја дочека Новата година.

    Германија

    Светот ја очекува Новата 2022 година, и покрај ограничувањата и откажаните јавни новогодишни прослави поради Ковид-19 во некои земји. На пример, воздухот во Франкфурт е исполнет со арома на зашеќерени бадеми, божиќни колачиња и варено вино, а во Бејрут можете да помирисате либански кедри.

    Фото: МИА

    Данска

    Копенхаген е „затрупан“ со илјадници светла, а воздухот мириса на цимет, кардамон и ѓумбир каде во овој период од годината е популарна и тортата наречена „кралица на божиќните десерти“ во Данска – рисаламанда, десерт познат уште од 1900 година.

    Освен што е неверојатно вкусен, овој пудинг од ориз со џем од цреша се поврзува и со многу љубопитна традиција. На Бадник секој добива порција рисаламанда за десерт, но само еден од нив крие цел бадем. Среќниот што ќе најде бадем – и што е многу важно, ќе успее да го сочува цел, добива посебен божиќен подарок.

    Италија

    Во Италија за време на празниците ја очекуваат добрата вештерка Бефана. Таа ги посетува децата на Водици, полнејќи им ги чорапите со вкусни бонбони и подароци ако биле добри или со ќумур и црни бонбони во случај да биле непослушни во изминатата година. За да бидат милосрдни и благодарни домаќини, семејствата за возврат и оставаат чаша вино и храна.

    Грузија

    Чичилаки е грузиска традиционална новогодишна елка направена од сушени гранчиња од лешник или орев кои се обликувани да формираат мало зимзелено дрво. Тие можат да бидат со различни висини – од 20 сантиметри до три метри. Грузиските дрвја чичилаки се предложени за вклучување во листата на нематеријално културно наследство на УНЕСКО.

    фото извор: pinterest.com

    Ирска

    Она што е интересно за Ирска е тоа што 28 декември обично е најпрометниот ден во годината за свадби, а најмалку една третина од двојките се „земаат“ за време на божиќните празници.

    Шпанија

    Мадрид оваа година има навистина добра причина да се гордее – од јули градот ја ужива својата прва регистрација во списокот на светско наследство на УНЕСКО, не само со една локација, туку со целата област – булеварот „Пасео дел Прадо“ заедно со паркот „Ретиро“. Областа вклучува десетици уникатни локации, меѓу кои и три од најпопуларните музеи во Шпанија – светски познатите Прадо, Тисен-Борнемисза и Реина Софија.

    Австрија

    Во 1286 година, австрискиот војвода Албрехт Први и доделил на Виена привилегија да организира „Декемвриски пазар“ кој, за разлика од денешното празнично расположение, имал поедноставна цел да му обезбеди на населението основни прехранбени производи за време на зимските денови. По 1600 година, продавачите на колачи почнаа да ги поставуваат своите привремени тезги за празничните недели во близина на катедралата Свети Стефан во Виена.

    Канада

    Канада може да се пофали со најголемиот зимски тобоган во светот. Тој се наоѓа во главниот град Отава и има цели 7,8 километри.

    Фото: МИА

    Америка

    Њујорк секој Божик и Нова година се претвора во посебна волшебна приказна со впечатливи украси – Елката пред Рокфелер центарот е симбол на Њујорк за божиќните и новогодишните празници повеќе од осум децении. Жителите и гостите на градот традиционално ја слават Новата година на „Тајмс Сквер“, а поради коронавирусот годинава се дозволени помалку луѓе, само вакцинирани и со маски, иако прославите се на отворено.

    Јапонија

    Новогодишните празници во Јапонија, познати како Ошогацу, се време за изразување благодарност на боговите ками од кои зависи плодноста, како и за добредојде на духовите на предците кои ги штитат семејствата. Пред куќата се поставени кадомацу, специјална новогодишна декорација од бор и бамбус, сместена од двете страни на влезот во куќата и шимекаџари, декорација од сламени јажиња.

    Во првите денови од Новата година, семејствата и пријателите ги посетуваат будистичките храмови или шинтоистичките светилишта.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img