Во Шпанија една тема е апсолутен фокус на сите медиуми. Објавено е дека Икер Касиљас и Шакира се во врска.
Неодамна неколку сериозни шпански медиуми ја објавија оваа информација, која беше сосема неочекувана бидејќи Шакира раскина со Жерард Пике, фудбалерот на Барселона, додека Касиљас претходно се разведе од познатата шпанска водителка Сара Карбонеро.
Гласините дека Касиљас се гледа со Шакира се појавија уште во 2021 година, кога и двајцата во тоа време беа во наводно среќни врски.
Касиљас веднаш одлучи да излезе во јавноста и да ги демантира гласините дека е во врска со колумбиската пејачка, а на Инстаграм објави скриншотови (снимки од екраните) од вестите на медиумите кои ги доведуваат во врска нив двајца.
Поранешниот голман напиша и навредлив израз на шпански јазик за да го покаже својот револт поради овие наводи.
Икер и Сара имаат две деца и беа во брак пет години, додека Шакира и Жерар Пике ги добија Саша и Милан во текот на нивната 12-годишна врска.
ФОТО: Инстаграм