Отворањето на бугарскиот културен центар „Цар Борис III“ во Охрид, во очи на 11-ти октомври кога државата го празнува Денот на народното востание не е провокација, вели за Алфа претседателот на истоименото бугарско здружение Томе Блажески.
– Како поклоници на ликот и делото на цар Борис III, целта ни е да ја негуваме бугарската култура во Македонија преку бугарскиот културен центар кој ќе биде отворен на 7-ми, а не на 11-ти октомври. Датумот е избран сосем случајно, бидејќи се’ е подготвено – вели Блажески.
Тој оцени дека моментот се злупотребува за да се разединат, како што вели, Македонците и Бугарите, а нивна цел била да градат заеднички мостови меѓу двата народи.
Блажевски рече дека на официјалното отворање на бугарскиот културен центар во Охрид ќе присуствувале високи функционери од Бугарија.