More

    Украинските војници денеска влегоа во комплетно опколениот град Лиман, што е важен железнички центар во источна Украина, а беше под контрола на руските воени сили

    spot_img

    Украинските војници денеска влегоа во комплетно опколениот град Лиман, што е важен железнички центар во источна Украина, а беше под контрола на руските воени сили, јави украинската армија.

    „Украинските сили навлегуваат во Лиман, во регион на Доњецк”, соопшти украинското Министерство за одбрана на Твитер.

    Во едноминутното видео што ја придружува пораката, се гледаат двајца украински војници како виорат, а потоа го закачуваат светло сино-жолтото национално знаме до знакот Лиман на влезот во градот.

    – Го развиваме нашето национално знаме и го поставуваме на сопствена територија. Лиман секогаш ќе биде дел од Украина – рече еден од двајцата војници.

    Украинската армија претходно денеска јави дека „опколила” неколку илјади руски војници во овој град од областа Доњецк, што во петокот беше припоен кон Русија.

    Гувернерот на соседната област Луганск, Сергиј Гајдаи, им понуди на руските војници во Лиман три опции: „може да побегнат, да умрат заедно или да се предадат”.

    Лиман се наоѓа во областа Доњецк, која Москва вчера ја анектираше, но не е целосно под контрола на руските војници.

    Загубата на Лиман би значела уште еден неуспех за руската војска, која претрпе неколку воени неуспеси од почетокот на септември и започнувањето на контраофанзивата на Киев во јужна и источна Украина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img