Бугарскиот премиер Кирил Петков денеска почна со кампања „Една плата за Украина“ и побара од Бугарите да донираат средства додека да се договорот коалициските партнери во владата околу испраќањето воена помош за Украина.
Тој во пост на својот Фејсбук профил објави дека започнува јавна кампања за собирање средства што ќе и бидат доставени на украинската Влада.
Според Петков, испраќањето воена помош за Украина бара политичко, но и општествено единство. За таа цел тој ќе донира една од своите плати како премиер на Бугарија.
– Го повикувам секој бугарски граѓанин кој навистина сака да ѝ помогне на Украина да донира една плата како мене. Зборовите се лесни, работите се тешки, време е објавите на Фејсбук да станат средства за Украина. Државата е сите ние и секој мора да чувствува дека може да биде дел од одлуката – рече тој.
В среда Петков и делегација предводена од бугарската владејачка четирипартиска коалиција ќе го посетат Киев.
Според него, додека не се постигне политички консензус на темата, граѓаните на Бугарија, кои веруваат дека никој во Европа нема право да ги напаѓа соседите и да убива цивили, можат слободно да изберат финансиски да и помогнат на Украина за набавка на муниција, повика Кирил Петков. И изјавува дека започнува јавна кампања за собирање средства што ќе и се дадат на украинската влада.
Владејачката коалиција е длабоко поделена околу воената помош за Украина, па премиерот тоа прашање им го препушти лично на граѓаните.