More

    Трајановски е искусен советник во Градот

    spot_img

    На позицијата заменик градоначалник на Град Скопје е именуван Александар Трајановски, соопшти денеска Градот.

    Александар Трајановски доаѓа од приватниот сектор и бил избран за член на Советот во Град Скопје на локалните избори кои се одржаа минатата година.
    „Имајќи предвид дека во тек е неговиот втор мандат како советник во Град Скопје, Трајановски е еден од поискусните во овој советнички состав со долгогодишно искуство во работата на локалната самоуправа и градската администрација“, се наведува во соопштението од Градот.

    Трајановски бил дел од првата генерација стипендисти на програмата за „Напредно лидерство“ – АЛПИ организиран од Институтот ИРИ, Американската амбасада и Стејт департментот. Стипендист бил и на Институтот за јавни политики „Мајка Тереза“ поддржан од Европската Унија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img