Државниот завод за статистика денеска објави нов сет на податоци од Пописот 2021 кои се однесуваат на брачниот статус на населението, бројот на живородени деца и миграциите внатре во државата.
Според Пописот 2021, во вкупното резидентно население на возраст од над 15 години, според брачниот статус има 23,8% неженети/немажени, 65,3% мажени/женети, 7,2% вдовци/вдовици и 1,6% разведени. Регистрирани се и вкупно 3 случаи на вдовци/вдовици и 13 случаи разведени во возрасната група од 15 до 19 години.
Во вкупното резидентно население на возраст од 15 години и повеќе, 98,4 % живеат во брачна заедница, а 1,6% во вонбрачна.
81,1% од вкупното резидентно население изјавиле дека не се селеле (автохтоно население), а 11,7% дека се доселиле во местото на вообичаено живеење.
Според местото на раѓање, 90% од вкупното резидентно население се родени во Република Северна Македонија.
Деталните податоци можете да ги најдете на следниот линк: