More

    Официјално објавена причината за смртта на Елизабета Втора

    spot_img

    Кралицата Елизабета Втора починала од старост, е наведено во нејзината потврда за смртта која е објавена денеска.

    Кралицата (96) почина во замокот Балморал во Шкотска на 8 септември во 15:10 часот (по локално време) – повеќе од три часа пред јавноста да биде известена, пишува „Дејли мејл“.

    Во моментот на нејзината смрт, во замокот биле само нејзината ќерка Ана и кралот Чарлс и неговата сопруга Камила.

    Веста за смртта на кралицата ја објави нејзината ќерка принцезата Ана.Кралицата ја наследи нејзиниот син Чарлс.

    Кралицата беше погребана во капелата Свети Џорџ во Виндзор, каде почива покрај нејзиниот сопруг принцот Филип и нејзините родители.

    Кралицата Елизабета Втора беше најдолговечниот британски владетел и најстариот монарх во светот. На почетокот на оваа година таа прослави 70 години на тронот.

    ФОТО: Твитер

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img