More

    Продолжува и се интензивира потрагата по лицето кое со приватно моторно возило „голф 4“ падна вчера во водите на реката Врадар кај мостот во село Желино

    spot_img

    Продолжува и се интензивира потрагата по лицето кое со приватно моторно возило „голф 4“ падна вчера во водите на реката Врадар кај мостот во село Желино – информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), врз основа на информации добиени од ангажираните субјекти – институции од Системот за управување со кризи (СУК).

    „По добиени податоци од раководителот на Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Тетово, од лице место на терен, во потрага до 14.30 биле вклучени пет лица од Полициската станица (ПС) Јегуновце, лица од Црвен Крст-Тетово, четири нуркачи од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), пет вработени од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Тетово, шест вработени од Единицата на локалната самоуправа (ЕЛС) Желино, екипа од РЦУК Тетово. Истовемено е најавено пристигнување на специјализирана нуркачка екипа од Министерството за внатрешни работи (МВР), како и екипа на Криминалистичка полиција од СВР Тетово на МВР.

    Од 14.30, според официјалните извештаи добиени во Дежурниот оперативен центар (ДОЦ) на Центарот за управување со кризи (ЦУК) на терен од пладне е пристигната екипа од ДСЗ Кочани со четири лица заедно со четири нуркачи од ДЗС Тетово, при што осум вработени од ДЗС Тетово се во реката во потрага на исчезнатиот. Исто така, во 13 часот од Единицатацата брзо распоредување (ЕБР) е присутен тим од седум членови, а и други доброволци коишто вршат потрага на двете страни од коритото на реката Вардар. Од страна на ЦУК има побарано еден хеликоптер од МВР и тој врши пребарување од 13.30 часот по течението на реката, почнувјќи од местото на настанот. Истовремено во потрагата се очекува интервенција од нуркачниот тим од МВР. Потрагата продолжува, а за нови податоци од лице место ќе ве известиме по добивање на информациите“ – соопшти Центарот за управување со кризи.

    Сѐ уште не е познато дали возачот бил сам во возилото. Како што може да се дознае од медиумите на албански јазик станува збор за 22-годишниот Е.Р. од Куманово. Во меѓувреме членови на неговото семејство биле на местото на несреќата и потврдиле дека станува збор за тоа момче.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img