More

    Грковска: Слободата на изразување, заштитата на медиумите и на новинарите се клучни области на кои со поддршка од Советот на Европа и ЕУ ќе работиме во наредниот период

    spot_img

    Унапредување на здравствената заштита во затворите, градење на капацитетите за борба против трговија со луѓе кај полицијата, но и во правосудниот систем, социјалните работници и трудовите инспектори, како и јакнење на капацитетите во правосудството за слобода на изразување, слобода на медиуми, заштита на новинарите, се дел од клучните области на кои мора како држава да се насочиме во наредниот период, порача заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, на завршната конференција што се одржува во Будва, Црна Гора, за Проектот „ Акција против економскиот криминал“, што се спроведува во рамките на Хоризонталниот инструмент за Западен Балкан и Турција, поддржан од Советот на Европа и Европската унија.

    Таа нагласи дека во соработка со нашите меѓународни партнери, во наредниот период ќе се обезбеди зајакнување на системот во борбата против говорот на омраза и криминалот од омраза, како и подигнување на свеста за опасностите од говорот на омраза во нашето општество, борбата против дискриминацијата и заштитата на ранливите групи.

    „Сето ова што го споменав е силно поврзано со работата на Владата на Република Северна Македонија, во врска со пристапувањето на земјата во Европската унија, особено со поглавјата 23 и 24 од процесот. Изминатиов период значаен напредок се постигна во процесот на спречување и борба против трговијата со луѓе за трудова експлоатација и трговија со деца. Ги зајакнавме капацитетите и ја зголемивме свеста на трудовите инспектори и членовите на мобилните тимови за борба против трговијата со луѓе, што пак придонесе за зголемување на бројот на идентификувани жртви на трговија со луѓе заради трудова експлоатација од 0 во 2017 година на 42 во 2022 година“, рече вицепремиерката Грковска.

    Таа додаде дека јавната свест за ова кривично дело беше подигната преку наменски кампањи, како и преку зајакнување на капацитетите на медиумите кои известуваа за трговијата со луѓе.

    „Несомнено морам да истакнам дека работата што се спроведуваше во текот на изминатите шест години во Република Северна Македонија, преку сите акции во рамките на Хоризонталниот механизам, многу придонесе за севкупниот напредок на сите институции, корисници на овој Проект“, рече вицепремиерката Грковска и ја истакна важноста на активностите поврзани со справување со говорот од омраза, како и промоцијата на различноста и еднаквоста.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img