More

    МВР – Извадок на дел од дневните настани 01.03.2022

    spot_img

    На 28.02.2022 околу 23.20 часот во тетовски Лешок, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 18-годишниот Ј.Џ. од тетовско Нераште затоа што при негов и преглед на возило „ауди“ со тетовскки регистарски ознаки, што го управувал, а во кое се превзувале и А.М.(19) и Е.С.(19) од истото село, му била пронајдна марихуана. Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

    На 28.02.2022 во 22.45 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Ф.(42) од Скопје затоа што кај него била пронајдена марихуана и бела грутчеста материја. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

    На 28.02.2022 во 20.00 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Г.(25) од Скопје затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

    На 28.02.2022 во 21.35 часот на бул.„Партизански одреди“ во Скопје, полициски службениц од СВР Скопје го лишиле од слобода М.М.(23) од Скопје. Тој не застанал на даден знак за запирање и со возило „сета алтеа“ без регистарски ознаки, кое го управувал, се обидел да побегне, но набргу бил фатен и кај него бил пронајден пиштол.
    Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветн апријава по член 396 од Кривичниот законик.

    Секторот за внатрешни работи Скопје расчисти кражба извршена на 18.11.2021 во продажен објект на ул.„Јустинијан Први“ во Драчево. По преземени мерки било дојдено до сознанија дека сторители се А.Х.(49) и Р.М., двајцата од Скопје. Во службен разговор двајцата го признале делото. Во полициска станица, исто така, бил извршен разговор и со Е.Н., коj изјавил дека едно лице му понудило да му продаде предмети од кривичното дело, но дека тој одбил. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава по член 236 од Кривичниот законик.

    На 28.02.2022 околу 09.00 часот во гостиварско Чегране, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 21-годишниот С.Д. од ова село. Тој се сомнничи дека претходниот ден во Гостивар извршил тешка кражба на дрзок начин и од такси возач одзел пари. Тој бил задржан во Полициската станица Гостивар и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
    На 28.02.2022 околу 13.45 часот во близина на таканаречената Брвеничка кривина во Тетово, полициски службеници на СВР Tетово го привеле 24-годишниот А.А. од тетовски Челопек затоа што кај него бил пронајден нож. Се расчистува и документира случајот и против А.А. ќе следува поднесок во Законот за оружје.

    На 28.02.2022 на подрачјето на СВР Штип, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 35 прекршоци, од кои 21 надвор од населено место и 14 во населено место. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Истиот ден во времето од 14.00 до 18.00 часот на подрачјето на СВР Штип спроведена е акциска контрола за прекршоци сторени од страна на пешаците во сообраќајот. Од извршената контрола биле констатирани 26 прекршоци. На сите им биле изготвени соодветни поднесоци. Санкционирани биле и 17 други видови на прекршоци, од кои 9 за управување возило без возачка дозвола, 2 за технички неисправно возило, 2 за некористење сигурносен појас и 4 за непрописно паркирање.

    На 28.02.2022 на територијата на СВР Битола, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, санкционирани биле 29 возачи, од кои 11 санкции се изречени на територија на Ресен, по 7 санкции на територија на Битола и Прилеп, и 4 на територијата на Македонски Брод .

    На 28.02.2022 во периодот од 14.00 до 18.00 часот на подрачјето на СВР Велес била спроведена акциска контрола за санкционирање на прекршоци кои ги прават пешаците во сообраќајот. Притоа, биле констатирани и санкционирани 18 прекршоци (Велес 7, Кавадарци 9 и Неготино 2).

    На 28.02.2022 во периодот од 12.00 до 16.00 часот, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица извршиле контрола над возила кои вршат јавен превоз на патници. Притоа, биле контролирани 51 возило, а кај 2 од нив (1 во Струмица и 1 во Радовиш) било констатирано дека вршат јавен превоз без соодветна документација. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

    На 28.02.2022 во периодот од 14.00 до 18.00 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за откривање на прекршоци кои ги чинат пешаците. Притоа, биле констатирани 7 прекршоци, од кои 3 во Гевгелија, 2 во Струмица и по 1 во Радовиш и Валандово. Сите констатирани прекршоци биле за преминување надвор од пешачки премин и истите биле соодветно санкционирани.

    На 28.02.2022 во 13.00 часот во СВР Струмица било пријавено дека на ул.„Христијан Тодоровски Карпош“ во Нов Дојран, товарно моторно возило „форд“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Р.Б.(60) од Нов Дојран, движејќи се наназад, удрило во П.П.(88) од Гевгелија. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, по што бил пренесен во ЈЗУ Гевгелија каде починал. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гевгелија. По наредба на Јавен обвинтиел телото на починатиот било дадено на обдукција.

    На 28.02.2022 во 14.20 часот во Полициската станица Кисела Вода, М.М.(51) од Скопје пријавил дека на ул.„Петар Делјан“ бил каснат од куче скитник.

    На 28.02.2022 во 14.00 часот во Полициската станица Карпош, В.Ј.(63) од Скопје пријавил дека во близина на мостот „Влајко“ во населба Влае бил каснат од куче скитник.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img