Поранешниот премиер на Бугарија, Бојко Борисов го осуди исвиркувањето на бугарската химна во Скопје пред натпреварот Македонија-Бугарија во рамките на Лигата на нации.
– Почит до момците од бугарската фудбалска репрезентација! Вака се брани достоинството на нашата нација! Како Бугарин и фудбалски навивач категорично го осудувам навредувањето на бугарската химна на почетокот на натпреварот Бугарија – РМ. За жал, со слични постапки нашите соседи од Република Македонија покажуваат дека не ги разбираат европските вредности. Напред, бугарски херои! – сподели Борисов на Фејсбук.