Снимка од дрон кој надлетува над реките од автомобили на руско-грузиската граница ги освои социјаните мрежи. Видеото покажува колкава е колоната за чекање ако сте Русин и сакате да ја избегнете мобилизацијата. Покрај обичните возила, се забележуваат сирени од полиција, но и граѓани кои пешки со своите куфери сакаат да преминат.
Грузија, заедно со Казахстан, Ерменија и Турција се едни од најатрактивните места за бегство бидејќи во тие земји на Русите не им треба виза за да престојуваат.