Цветанка Зојчевска, една од најпроминентните македонски театарски критичарки и новинарки од културата, почина вчера во Скопје на 76 години. Ќе биде погребана утре во 12 часот на градските гробишта Бутел во Скопје.
Родена во Прилеп, Зојчевска е дипломец на Филозофскиот факултет во Скопје, а долгогодишната новинарска кариера ја почна во весникот „Вечер“. Од 2000 година беше уредничка на културната рубрика во весникот „Вест“ каде и се пензионира.
Во богатиот критичарски опус има напишано над 700 театарски критики. Авторка е на двотомната книга интервјуа „Идентитетот не е нејасна магла“.