Вучиќ вели дека се надева оти ќе надвладее мир во светот

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во денешното интервју за американската ТВ мрежа „Њузмакс”, српскиот претседател Александар Вучиќ изрази очекување дека ќе надвладее мир во светот и дека ќе се постигне компромисно решение меѓу Русија и Украина и оцени дека рускиот претседател Владимир Путин не блефира кога зборува за своите идни потези, јави дописиникот на МИА од Белград.

Вучиќ, кој беше во студиото на „Њузмакс” со Ричард Гренел, поранешен специјален пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, рече дека Србија мора да види како да ги диверзифицира своите извори на енергија.

– Гледаме како да го диверзифицираме нашето снабдување со енергенти. Градиме интерконектори на границите со Бугарија и Северна Македонија. Вие баравте, г-дине Гренел, да разбереме колку економските врски се важни во нашиот регион. Гледаме дека трговската размена меѓу Србија и САД денес е поголема од кога било, дури 1,2 милијарди – рече Вучиќ.

Новинарот на „Њузмакс” оцени дека Западот е загрижен по обраќањето и изјавата на Путин за можното искористување на сите воени капацитети и го праша Вучиќ, кој неколкупати се има сретнато со рускиот лидер, дали мисли дека рускиот претседател блефира.

– Се надеваме дека мирот ќе победи и дека сите ќе направат сѐ за да се постигне компромис. Тоа е подобро отколку да чекаме нечиј пораз. Се сретнав со Путин неколку пати и не верувам дека блефира. Тоа е сѐ што можам да кажам – изјави Вучиќ на прашањето за најавата на рускиот претседател.

Share This Article