Британците веќе работат на подготовките за погребот на кралот Чарлс. Поранешниот офицер на кралската заштита Сајмон Морган го потврди ова на денот на погребот на кралицата Елизабета.
– За жал, сериозно планирање за операцијата Менај мост почнува утре наутро – изјави тој за Today на 19 септември.
Планот за погребот на кралицата Елизабета беше наречен Операција Лондон бриџ и вклучуваше објава за нејзината смрт, период на официјална жалост и детали за нејзиниот државен погреб. Таа операција е смислена во 1960-тите, само неколку години по нејзиното крунисување, и била ревидирана многу пати во годините пред нејзината смрт, годинава.
Кодното име за смртта на кралот Чарлс III е Операција Менаи мост, именуван по првиот челичен висечки мост во светот во Англеси, Велс.
Операцијата Менаи бриџ се очекува да има многу сличности со операцијата Лондон бриџ, а планот ќе биде детално разработен пред неговото крунисување, кое се очекува да се случи следната година.