More

    Министерката Тренчевска учествува на регионална конференција на УНФПА за родово одговорни политики во Истанбул

    spot_img
    Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска отпатува за Истанбул, Република Турција, заради учество на Регионална конференција на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) за родово одговорни политики. Овие политики се од големо значење во воспоставувањето на рамнотежата меѓу приватниот и професионалниот живот на жените и мажите во приватниот и во јавниот сектор.
    Конференција ќе биде можност да се запознаеме со добрите практики на другите земји и можностите истите да ги примениме во нашиот контекст.
    Министерката Тренчевска ќе зборува за постигнатиот напредок во однос на родово одговорните демографски политики во нашата држава и идните чекори кои ќе бидат во согласност со менувањето на семејните формации и структури и еволуцијата на демографските трендови.
    На конференцијата ќе присуствуваат околу 100 претставници на агенциите на ООН, членови на влади и парламенти на држави од Источна Европа и Централна Азија, универзитети, приватни компании и други.
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img