Огромно внимание предизвика конфликтот меѓу Томас Тухел и Антонио Конте, кој за малку ќе прерасне во физички, по што германскиот тренер многу брзо го заврши својот мандат во Челзи.
Конте, познат по својот непредвидлив темперамент, не е расположен за шеги на овој настан, вели напаѓачот на Тотенхем, Ричарлисон.
„Во моментот кога дојде до конфликтот сè уште бевме концентрирани на играта, па видеото го видовме само кога стигнавме во соблекувалната. Овие работи се нормални во фудбалот меѓу играчите, но може да се случат и кога се во прашање тренерите. На крајот сите се смируваат и ситуацијата е под контрола. Беше интересно да се види пресметката на двајцата газди. Нашиот шеф не се плаши од конфронтација, нели?“, изјави Ричарлисон.
Новинарите потоа прашаа дали играчите се пошегувале со италијанскиот менаџер за судирот.
“Дали си полудел?! Ајде, нема шанси тоа да се случи. Дали би се обидел да се пошегуваш со него? Не го направив тоа“, изјави 25-годишниот Бразилец.
Во секој случај, Конте многу успешно го води лондонскиот клуб на стартот од сезоната – „Мамузите“ по седум кола се непоразени и со 17 бодови се изедначени на второто место на табелата. Во следното коло на 1 октомври ќе ги одмери силите со Арсенал во градското дерби на Емирати.