More

    Шојгу: Русија е во војна со целиот Запад, Украина загуби половина од армијата

    spot_img

    Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека Русија не е во војна само со Украина, туку и со целиот Запад. Тој вели и дека Русија има огромни мобилизациски ресурси и дека за време на делумната мобилизација ќе бидат повикани 300.000 резервисти.

    Шојгу, кој и се обрати на нацијата по Владимир Путин, рече дека Западот ја снабдува Украина со огромно количество оружје и тоа се користи за напад врз цивилното население.

    „Навистина сме во војна со колективниот Запад плус НАТО. Кога зборуваме за тоа, не мислиме само на оружјето што се доставува во огромни количини, туку секако и на системите. Тоа се комуникациски системи, системи за обработка на информации“, рече Шојгу, а пренесува Спутник.

    Околу 200 цивилни сателити, сите сателити на НАТО, работат во интерес на Украина, вели тој.

    Шојгу изјави дека Украина веќе изгубила половина од армијата – повеќе од 100.000 луѓе – 61.207 убиени, 49.368 ранети.

    Путин претходно најави делумна мобилизација во Русија и најави остар одговор до НАТО доколку се наруши територијалниот интегритет на Русија. Тој рече дека ќе се користат сите средства за одбрана на државата и додаде дека тоа не е блеф.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img