Кандидатот за нов амбасадор на САД во Црна Гора е Албанец по потекло од Кичево.
Бикс Алију е дипломат чии корени се од Кичево, а тој е роден во Чикаго, САД.
Претходно бил заменик амбасадор во Полска, в.д. амбасадор во Будимпешта, Унгарија, генерален конзул во Краков, служел во амбасадата во Тирана, Албанија.
Бикс е оженет, има две деца. Зборува македонски, српски, полски, албански и англиски јазик. Дипломирал на Медицинскиот факултет во Приштина. Неговото вистинско е Бегзат Азем.