Откако режисерот Вуди Ален навести дека ќе се пензионира, неговиот претставник сега го порекнува тоа

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Откако режисерот Вуди Ален навести дека ќе се пензионира, неговиот претставник сега го порекнува тоа.
Ален претходно викендов за шпанскиот весник „Ла Вангардија“ (La Vanguardia), повторно навести дека веќе нема намера да снима филмови и наместо тоа ќе се префрли на пишување раскази и романи. Откако веста за коментарот се прошири низ јавноста, таборот на Ален го отфрли тврдењето.

– Вуди Ален никогаш не рече дека се пензионира, ниту пак рече дека пишува роман. Тој рече дека размислува да не снима филмови бидејќи снимањето филмови кои одат директно или многу брзо на стрим-платформите не му е толку пријатно, бидејќи тој е голем љубител на кино-искуството. Во мигов, тој нема намера да се пензионира и е многу возбуден што ќе биде во Париз каде што го снима својот нов филм, којшто ќе биде негов 50-ти, изјави неговиот претставник вчера за „Варајети“ (Variety). Неговиот последен филм „Оса 22“ (Wasp 22) се снима во Париз, Франција. Вуди Ален го објави „Рифкиновиот фестивал“ (Rifkin’s Festival) во 2020 година. Филмот заработи само 2,3 милиони долари и имаше лоши критики, а некои луѓе го нарекоа и негов најлош филм. Во време на корона-пандемијата, почна да пишува збирка раскази, под наслов „Нулта гравитација“. Збирката беше објавена оваа година, по обновените наводи за сексуална злоупотреба нагласени во документарецот „Ален против Фароу“ на Кирби Дик и Ејми Зиринг. Документарната серија од четири дела, номинирана и за „Еми“, го прикажува наводното недозволено сексуално однесување на Ален кон неговата ќерка Дилан Фароу. Нејзината мајка Мија Фароу го обвини режисерот за злоупотреба во 1992 година, но среде движењето „#MeToo“, случајот беше вратен под лупа. Ален ги негираше тврдењата.

 

Share This Article