Поскапе и животот во САД. Цената на килограм леб скокна на 8 долари, што во однос на лани е зголемување за 16,2 отсто, објави CNN.
Повисоки цени имаат и другите прехранбени производи. Јајцата послапеа за 39,8 отсто, а брашното за 23,3 отсто, а млекото за 17 отсто.
Цената на пилешкото месо е зголемена за 16,6 отсто, додека говедското месо поскапе за 6,7 отсто, а свинското месо за 6,8 отсто. Повисоки цени имаа и овошјето и зеленчукот заедно се зголемени за 9,4 отсто.
Севкупно, цените на прехранбените производи се зголемени за 13,5 отсто, а цените на рестораните се повисоки за 8 отсто.