Шаховскиот гениј Каспаров од Софија порача дека војната се води и онлајн

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Поранешниот светски шаховски првак, експерт за вештачка интелигенција и критичар на режимот во Кремљ, Гари Каспаров, изјави дека војната во Украина несомнено стана пресвртница во историјата, јави дописникот на МИА од Софија.

Каспаров, кој учествуваше на конференцијата во Софија за прашањата на одбраната и кибер-безбедноста на земјите од Југоисточна Европа, рече дека тоа е важна лекција и треба да биде потсетник за способноста на слободните луѓе да одговорат на сите предизвици. Според него, на почетокот на воените акции во Украина, Русија извршила масовен напад на сите фронтови – воена офанзива и кибер-напад од големи размери.

Каспаров нагласи дека кибер-војната не треба да се одвојува од реалните воени операции.

– Војната во Украина се води и онлајн и офлајн, демонстрирајќи ги предностите на слободниот свет – рече тој.

Форумот е организиран од израелската платформа ImImprovate, а домаќин е Росен Плевнелиев, претседател на Бугарија (2012 – 2017), кој е во советодавниот одбор на платформата.

На саемот учествуваше и заменик министерот за одбрана на Северна Македонија, Башким Хасани. Тој изјави дека Владата на Сeвeрна Македонија посветува посебно внимание на развојот на сопствените капацитети за кибер-безбедност, чија главна цел е заштита на националните интереси на државата, јавува дописникот на МИА од Софија.

Во рамките на дискусијата посветена на влијанието на војната во Украина врз развојот на вооружувањето и тоа дека руската инвазија суштински ја промени светската агенда во однос на геополитичките процеси, безбедносни, економски и хуманитарни аспекти кои влијаат на безбедносниот аспект во Југоисточна Европа, тој истакна дека се соочуваме со кибер, хибридни и други асиметрични закани, кои вклучуваат и кампањи за дезинформација.

На конференцијата учествуваше и поранешниот македонски премиер Владо Бучковски, кој рече дека Русија влијаела на развојот на регионалните процеси, посочувајќи на нерешениот дијалог меѓу Белград и Приштина, поддршката на одредени сили во Босна и Херцеговина, политичката криза во Црна Гора, како и обидот за одржување референдум против Договорот со Бугарија од страна на опозицијата, кој, според него, создава ризик за политичката стабилност во односите меѓу Софија и Скопје.

Share This Article