Познатата холивудска актерка Кејт Винслет се повреди за време на снимање филм во Дубровник, посветен на Ли Милер, воен фотограф за магазинот „Вог“ за време на Втората светска војна.
Според информациите, актерката ја повредила ногата на снимање, а поради повредата завршила во болницата во Дубровник. Кејт Винслет е снимена како пристигнува во болница во придружба на неколку луѓе, а засега не е познато за каква повреда станува збор.