Вчера во просториите на Општина Охрид, се одржа дискусија која е дел од проектот „Младите може да бидат слушнати“, кој го проведува коалиција на млади организации „СЕГА“. Проектот се реализира во рамки на програмата Еразмус +, а е со финансиска поддршка од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.
Целта на проектот е да се зголеми учеството на младите во процесите на донесување одлуки и во демократскиот живот на локално и национално ниво.
На дискусија младите од Охирд имаа можност да ги кажат нивните потреби и проблеми како млади лица во Охрид, но истовремено и да ги искажат своите иницијативи и идеи како нашиот град да биде подобро место за живеење за нив. Во оваа прилика ја имаа можноста и да се запознаат со дел од членовите на Локалниот Младинки Совет кој ја спроведуваше оваа дискусија.