Актерите Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс го очекуваат четвртото дете, пишува магазинот „Пипл“.
Американските медиуми пренесуваат дека 35-годишната Лајвли се појавила на „Форбс моќниот женски самит“, каде што го истакнала трудничкиот стомак во мини светкав фустан со долги ракави.
Славната двојка се уште официјално не се огласила за бременоста.
Блејк и Рајан веќе имаат три ќерки – Џејмс (7), Инез (5) и Бети (2).
Блејк и Рајан не кријат колку им е важен семејниот живот и колку сакаат на своите деца да им пружат нормално детство.
– Сакам моите деца да имаат нормален дневен распоред. Многупати кога Блејк снима, јас сум со децата и обратно. Така правиме компромиси. Никогаш всушно не сме работеле во исто време – открил Рајан во едно интервју.
Парот се запозна во 2010 година додека заедно работеа на филмот „Green Lantern“. Се венчаа во 2012 година.
ФОТО: Инстаграм