Почина Владимир Николаевич Сунгоркин, главен уредник на про-Кремљ таблоидот „Комсомолскаја Правда“

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Владимир Николаевич Сунгоркин, главен уредник на про-Кремљ таблоидот „Комсомолскаја Правда“, почина на 68-годишна возраст. Според весникот во кој работел, на Сунгоркин ненадејно му се слошило за време на службен пат, почнал да се гуши и набргу потоа починал, пренесува Н1. Весникот каде што Сунгоркин работеше со години, е познат како „омилениот весник на Путин“. Весникот е основан во 1925 година и бил официјален глас на Централниот комитет на Комсомол, односно на Комунистичката младинска лига.

 

 

– Тоа се случи апсолутно ненадејно. Немаше индикации дека тоа ќе се случи. Бевме во селото Рочино. Возевме, веќе бевме на пат кон Хабаровск, планиравме да пристигнеме навечер, а потоа да одиме во Москва. Сѐ беше добро. Владимир Николаевич рече: „Ајде, момци, да најдеме негде убаво место па да каснеме. Застанете, ручајте. Сите доброволно ја поддржаа оваа идеја – изјави заменикот на Сунгоркин, Леонид Захаров, кој беше дел од експедицијата.

Според него, три минути подоцна Сунгоркин почнал да се гуши.

– Го изнесовме на чист воздух, но веќе беше во несвест. Всушност, направивме некој вид… масажа на срцето, ЦПР… ништо не помогна. Докторот кој го направи првиот преглед рече дека сето тоа е бескорисно, се чини дека е мозочен удар. Но, ова е првичен заклучок – додаде тој.

Според Захаров, телото на Сунгоркин со хеликоптер ќе биде пренесено во Владивосток, а потоа во Москва.

Весникот на Сунгоркин, „Комсомолскаја правда“ објави на Телеграм дека тој „ненадејно починал“ за време на патувањето за „собирање материјал за книга за големиот пионер на Далечниот Исток, Владимир Арсењев“.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков во средата зборуваше за смртта на новинарот.

– Ова е голема загуба. Ова е тажна вест. За жал, Сунгоркин почина. Го познававме многу добро – изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков за новинарите и додаде дека „Владимир Путин ќе испрати лична порака до пријателите и семејството на Сунгоркин“.

- Advertisement -
Ad image

Сунгоркин, роден на 16 јуни 1954 година во Хабаровск, е главен уредник и генерален директор на весникот од 1997 година. Според агенцијата Интерфакс, во 2014 година, Сунгоркин бил одликуван со Орден за заслуги за татковината IV степен, а во 2018 година ја добил титулата „Почесен новинар на Руската Федерација“.

Сунгоркин беше една од руските јавни личности санкционирани од Европската комисија откако Путин ја започна инвазијата на Украина во февруари. Како што беше наведено тогаш, Сунгоркин е „еден од главните актери во манипулацијата со странски информации и активности за мешање или пропагандист кој често зборува за Украина, создавајќи дезинформации и манипулирајќи со фактите“.

„Владимир Сунгоркин ја шири и легитимира агресивната антиукраинска и антизападна пропаганда на режимот на Путин под директна власт на Кремљ во еден од најпопуларните руски медиуми. Претседателот Владимир Путин, исто така, ја опиша „Комсомолскаја Правда“ како негов омилен весник. Затоа, Владимир Сунгоркин е одговорен за поддршка на акции и политики кои ги поткопуваат територијалниот интегритет, суверенитет и независноста на Украина“, се вели во соопштението.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article