Нов пакет мерки за бизнисот ќе бидат објавени на 28 септември, соопшти денеска претседателот на Стопанската комора Бранко Азески, по средбата со министерот за економија Крешник Бектеши, на која присуствуваа и претставници на 10 – те најголеми компании потрошувачи на електрична енергија во земјава.
Мерките веќе се финализираат, а нивна цел е задржување на конкурентноста на фирмите и на работните места.
– Соработката со Владата во последните месеци е на највисоко ниво, а суштината е да се помогне таму каде е тоа најпотребно – нагласи Азески.
Како што истакна министерот Бектеши, за компаниите ќе се обезбеди доволно електрична енергија, но се прават максимални напори за цената на струјата да биде што порационална.