More

    Сто вработени во ЈП Водовод и канализација ќе добијат отказ откако Градот Скопје реши да не им ги продолжи договорите за работа кои им истекуваат утре

    spot_img

    Сто вработени во ЈП Водовод и канализација ќе добијат отказ откако Градот Скопје реши да не им ги продолжи договорите за работа кои им истекуваат утре.

    „По најава пред еден месец за вонредна ревизија на вработувањата кои ги склучил екс-директорот на ЈП Водовод и канализација Скопје, Златко Перински покажа дека речиси 100 лица се нововработени за неколку месеци. Градот Скопје нема да толерира расипничко однесување кое претставува дополнителен товар врз буџетот во услови на економска и енергетска криза. Од тие причини се ревидира оправданоста на новите вработувања во ЈП Водовод и канализација – Скопје“, објаснија од Градот.

    Оттаму велат дека партизацијата и корупцијата се рак на македонското општество, но и на државните институции кои повеќе од 30 години се деградирани од однесувањето на одредени поединци.

    „Нема да дозволиме средствата на граѓаните да се трошат за вдомување на партиски кадри и нема да се дозволи корупција, непотизам и остварување на лични и теснопартиски интереси, нема да дозволиме да се прави нешто што е на штета на скопјани“, порачаа од Градот.

    Ваквата одлука на Арсовска доаѓа откако таа го разреши директорот на ЈП Водовод и канализација, Златко Перински затоа што не постапил по нејзиното барање да смени членови на Евалуационата комисија која ги оценува понудите за изградба на пречистителна станица во Скопје.

    Перински побарал мислиење за ова барање од Арсовска од Европската инвестициска банка од каде добил препорака да не се менуваат членовите во оваа фаза од постапката, зашто тоа ќе го одолговлече процесот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img