More

    Чарлс повторно ги изгуби нервите поради пенкало

    spot_img

    Новиот британски крал Чарлс Трети со сопругата Камила, присуствувал на прием во замокот Хилсборо во Северна Ирска, каде што се сретнла со членовите на Собранието на Северна Ирска. Во текот на церемонијата на потпишување на книгата, Чарлс се налутил на пенкалото.

    Имено, пред крајот на посетата следувала церемонија на потпишување книги. Чарлс прво сфатил дека напишал погрешен датум, а потоа ги изгубил нервите поради пенкалото што го користел.

    Се налутил затоа што од пенкалото течело мастило, а Камила коментирала дека „тече насекаде“. По нејзината жалба, кралскиот помошник брзо дотрчал па го тргнал пенкалото што истекувало.

    – Не можам да го поднесам ова проклето нешто – рекол Чарлс додека со шамивче го бришел мастилото од рацете и додал дека тоа се случува „секој проклет пат“.

    Ова не е првпат Чарлс да води битка со пенкалата. Неодамна, во текот на церемонијата на која Чарлс Трети беше прогласен за нов британски монарх, му пречеше футролата за молив па им даде знак на службениците да ја преместат.

    ФОТО: NBC News/Youtube

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img