Протече документ во врска со цената на гасот

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Еропската комисија има намера да се откаже од воведувањето на плафонот за цената на рускиот гас. Наместо тоа, планот е да се воведе данок на вишокот профит на енергетските компании, открива документот до кој дошле од британски Гардијан. ЕУ-земјите минатата недела веќе се скараа околу мерката да се стави капак на овој енергенс.

Со новата нацрт-регулатива, дополнителни даноци ќе плаќаат компаниите кои работат со енергенси, со гас и за компаниите за фосилни горива, додека оние „зелени“ компании кои произведуваат струја со ниска потрошувачка на јаглерод ќе имаат „посебно ограничување“ на профитот.

Претседателката на Европската комисија(ЕК), Урсула фон дер Лајен утре, во среда, во годишното обраќање за состојбата на Унијата треба да го објави европскиот план за справување со поскапувањето на електричната енергија.

Конечниот текст може да биде сменет во меѓувреме, но нацрт-документот ги открива сомнежите на ЕК за добивање доволно поддршка од земјите-членки на ЕУ за наметнување ограничувања на цените на рускиот гас како одговор на, она што ЕУ го нарекува „руската употреба на гасот како оружје“.

Земјите-членки на ЕУ кои увезуваат големи количества гас од Русија, вклучително Унгарија, Словачка и Австрија, се изјаснија против ограничувањето на цената на рускиот гас, бидејќи стравуваат дека Кремљ ќе го прекине целиот проток на гас, со што нивните земји ќе бидат втурнати во рецесија.

Спротивно на ова, десетина земји, вклучително и Франција и Полска, би сакале да воведат ограничување на цената на целиот увезен гас, што тие го гледаат како подобар начин за задржување на скоковите на цените.

Холандија и Данска се негде измеѓу. Тие се претпазливи за какво било ограничување на цената, додека Германија стравува дека ограничувањето на цената на рускиот гас би предизвикало внатрешни поделби во земјата.

Share This Article