Лани зимските гуми беа поскапи од било кога, а сега состојбата е уште полоша. Ако почнете да купувате гуми, треба да очекувате поскапување за 20 проценти. Истражувањето на два интернет портали Check24 и Alzura во Германија покажа дека цените на зимските гуми се и до 21 отсто повисоки од лани. Check24 за 100-те најпродавани зимски гуми преку порталот пресмета дека поскапувањето ќе биде речиси 21 процент. Поскапеа и пневматиците за сите сезони, но не во толкава мера (16 отсто), пренесува ХАК магазинот. Во Алзура раст од 18,9 отсто е забележан кај откупните цени во малопродажбата. Во првите денови од септември достигнаа просечни 83,27 евра по гума. За споредба, истата цена беше 70 евра пред една година. До пред неколку месеци, индустријата за гуми сè уште главно добиваше важни суровини како саѓи и синтетичка гума од Русија и Украина. Исто така, високите цени на нафтата, гасот и електричната енергија ги зголемија трошоците за производство.