Властите на Србија изразија интерес за стенд бај аранжман со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), изјави за Политика претставничката на ММФ за Србија, Јулија Устјугова.
Како што појасни таа, стандардна процедура е ММФ по вакво барање да разговара со Владата за да се процени економско-финансиската состојба и големината на вкупните финансиски потреби на земјата за да се постигне договор.
Кога ќе се постигне договор за политиките и финансискиот пакет, прецизира Устјугова, на Извршниот одбор на ММФ му се дава препорака да ги поддржи политичките намери на земјата и да го прошири пристапот до ресурсите на Фондот.
Во случај на финансиски аранжман со ММФ, сегашниот нефинансирачки инструмент за координација на политиките ќе биде откажан, рече Устјугова.