21 година од уривањето на кулите близначки во кое загинаа 2.977 лица

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Денеска се навршуваат 21 година од киднапирањето на четири патнички авиони од страна на исламски терористи во САД и најголемите терористички напади во модерната историја. Американскиот претседател Џозеф Бајден ќе се обрати по тој повод и ќе положи венец во Пентагон, соопшти Белата куќа.

Првата дама Џил Бајден ќе зборува на Националниот споменик на летот 93 во Шенксвил, Пенсилванија. Потпретседателката Камала Харис и нејзиниот сопруг ќе присуствуваат на комеморативна церемонија во Националниот меморијален центар 11 септември во Њујорк.

Во вторникот на 11 септември 2001 година, бомбаши самоубијци киднапираа американски патнички авиони и ги урнаа во двете кули близначки на Светскиот трговски центар во Њујорк, убивајќи илјадници луѓе.

Првиот авион удри во Северната кула во 08:46 часот по средноевропско време, вториот удри во Јужната кула во 09:03 часот по средноевропско време. Зградите се запалија, заробувајќи луѓе на горните катови, а целиот град беше обвиен во густ чад. За помалку од два часа и двете кули од 110 ката се урнаа.

Во 09:37 трет авион го уништи западното крило на Пентагон – огромниот штаб на американската војска во близина на Вашингтон, главниот град на земјата. Четвртиот авион се урна во поле во Пенсилванија во 10:03 часот откако патниците ги совладале киднаперите. Се верува дека терористите планирале да ја нападнат зградата на Капитол во Вашингтон.

фото: твитер/принтскрин

Во нападите загинаа вкупно 2.977 луѓе, не сметајќи ги 19-те киднапери. Нападите од Авганистан ги испланирала на екстремистичката исламистичка мрежа Ал Каеда.  Предводена од Осама бин Ладен, Ал Каеда ги обвини САД и нивните сојузници за војната во муслиманскиот свет.

Киднапирањето го извршиле 19 лица, кои работеле во три тима од по пет члена и еден од четири – во авионот што се урна во Пенсилванија. Секоја група имала по некој кој поминал обука за пилоти во школите за летање во САД. Петнаесет од киднаперите биле Саудијци, како и самиот Бин Ладен. Двајца биле од Обединетите Арапски Емирати, еден од Египет и еден од Либан.

 

 

- Advertisement -
Ad image

Помалку од еден месец по нападот, тогашниот американски претседател Џорџ Буш почна инвазија врз Авганистан, поддржана од меѓународната коалиција, за да се искорени Ал Каеда и да се најде Бин Ладен.

Меѓутоа, дури во 2011 година американската војска конечно го лоцира и го уби Бин Ладен во соседен Пакистан. Наводниот организатор на нападите од 11 септември, Калид Шеик Мохамед, беше уапсен во Пакистан во 2003 година. Оттогаш, тој се наоѓа во американскиот затвор во заливот Гвантанамо, каде што сè уште чека судење.

Беа потребни повеќе од осум месеци за да се расчисти „Нулта точката“ – местото каде што се урнаа кулите близначки. На таа локација сега има споменик и музеј, а зградите повторно се изградени, но со поинаков изглед.

- Advertisement -
Ad image

Завршената централна зграда – Светскиот трговски центар Еден или „Кулата на слободата“ – е уште повисока (541 метар) од првобитната Северна кула, која беше висока 417 метри.

Реновирањето на Пентагон траеше нешто помалку од една година, а персоналот се врати во канцелариите во август 2002 година.

Share This Article